Управување со ризик за безбедноста и сигурноста - Водич за директори, управители и инженери
.jpg)
Издавач:
Европа 92 - Кочани
ISBN:
978-9989-838-38-5
Година на издавање:
2012
Краток опис:
Управување со ризик за безбедноста и сигурноста-Водич за директори, управители и инженери е книга на авторот Вилијам Вонг, издадена од Woodhead Publishing Limited во 2010 година. Оваа книга е составена од 11 дела: 1. Постојано присутна опасност: Вовед во начелата за управување со ризик; 2. Незнаењето не е оправдување: Законодавството и корпоративната улога при управување со ризик; 3. Како да ги препознаете опасностите: изучување на генерички индустриски опасности; 4. Човечки фактори во управувањето со ризик: да разбереме зошто луѓето потфрлаат и не се сигурни; 5. Откривање опасности: техники за наоѓање можни ризици кај неприфатливи неуспеси на постапки, машини и системи; 6. Дали сте доволно безбедни? Методи и постапки за процена и намалување на ризикот при дизајнирањето процеси, постројки и машини; 7. Небезбедно само по себе: прашања за безбедност при планирање нов објект; 8. Ризик кај производ: управување со ризик при процесот на дизајнирање и развој; 9. Целокупност на средствата: учење за причините и симптомите од застарување и распаѓање и потребата за одржување за да се избегнат катастрофални несреќи; 10. Справување со ризик: како да го заштитите здравјето и да ја овозможите безбедноста на луѓето кои работат; 11. Несреќи при управување: лекциите коишто треба да се научат од трите најголеми несреќи. На лесно читлив и прифатлив начин, оваа книга ги претставува клучните фактори вклучени во успешното управување со ризик, така што дури и оние кои не се експерти во малите и компаниите со средна големина, како и инженерите и управителите, би можеле да ги применуваат принципите за безбедност и сигурност од бучава.
Области
- Право, политички науки, дипломатија и локална самоуправа
- Култура и уметност
- Медицина, фармација, стоматологија и ветеринарна медицина
- Одбрана, безбедност, криминологија и разузнување
- Архитектура, градежништво, транспорт, механика, електроника и инженерство
- Социјална политика
- Ѕвезди на светската книжевност
- Земјоделство, шумарство и екологија
- 130 тома македонска книжевност
- Нобеловци
- Економија, менаџмент, маркетинг, банкарство, претприемаштво и финансии
- Хемија, физика, математика, биологија и географија
- Информатички науки, компјутерско инженерство и комуникациски системи
- Македонска литература на англиски јазик
- Македонски дејци
- Образование
- Историја, филозофија, антропологија и археологија
- Енергетика и природни ресурси