Патологија на меланоцитни заболувања
Издавач:
Ars Lamina
ISBN:
978-608-229-772-9
Година на издавање:
2014
Краток опис:
Патологија на меланоцитни заболувања е книга на авторите Волтер Ј. Мои и Томас Краус. Ова е второ издание објавено во 2007 година од Hodder Education. Малигниот меланом, заедно со неговите варијанти и мимики, претставува огромен дијагностички предизвик за хистопатолозите. Книгата е сеопфатно дело за патологија на малигните и немалигните меланоцитни лезии. Ова прирачно, практично дело со авторитетни референци нуди длабока клиничко-патолошка анализа на меланоцитните заболувања, како и ефективни практични насоки за дијагноза на проблематичните лезии. Клучните дијагностички карактеристики, како и потенцијалните замки се потенцираат во табели што се лесно читливи за читателите, со што се олеснува наоѓањето референци во натрупаната дијагностичка патолошка практика. Вклучени се и значајни ажурирани референци, како и внимателно составен индекс. Содржината е поделена во четири детално обработени делови: 1.Вовед (Меланин, меланоцити, кожа; Техники и практични согледувања); 2. Кутани невуси и други пигментирани кожни лезии (Обичен стекнат невус; Шпицов невус и поврзани лезии; Син невус и поврзани лезии; Конгенитален невус; Малигна трансформација на невуси; диспластични невуси; Кутани пигментирани лезии неповрзани со меланоцитни невуси или меланом); 3. Кутан меланом (Меланом: генерални карактеристики; Меланом: поттипови и варијанти; Цитолошка дијагноза на меланом; Прогноза и определување стадиум на меланом); 4. Екстракутани меланотични тумори (Екстракутани и други меланотични тумори).
Поврзано
Оксфордски учебник по медицина Том 2
Автори:
Дејвид А. Ворел Тимоти М. Кокс Џон Д. Фирт Едвард Џ. Бенц јуниор
повеќе...Стратегија на пазарот за здравствена заштита - од планирање до акција
Автори:
Стивен Г. Хилстад Ерик Н. Берковиц
повеќе...Прирачник за нутриција и диететика
Автори:
Џоан Вебстер-Генди Анџела Маден Мишел Холдсворт
повеќе...Области
- Право, политички науки, дипломатија и локална самоуправа
- Култура и уметност
- Медицина, фармација, стоматологија и ветеринарна медицина
- Одбрана, безбедност, криминологија и разузнување
- Архитектура, градежништво, транспорт, механика, електроника и инженерство
- Социјална политика
- Ѕвезди на светската книжевност
- Земјоделство, шумарство и екологија
- 130 тома македонска книжевност
- Нобеловци
- Економија, менаџмент, маркетинг, банкарство, претприемаштво и финансии
- Хемија, физика, математика, биологија и географија
- Информатички науки, компјутерско инженерство и комуникациски системи
- Македонска литература на англиски јазик
- Македонски дејци
- Образование
- Историја, филозофија, антропологија и археологија
- Енергетика и природни ресурси