Настани / Новости
На штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ промовирани 14 нови книги од медицина и стоматологија
На Униврзитетот Гоце Делчев во Штип денеска беа промовирани 14 нови книги, учебници од областите медицина и стоматологија дел од проектот „Превод на илјада стручни, научни книги и учебници од кои се учи на најврвните, најдобрите и најреномираните универзитети во САД и Англија, а од областа на правото во Франција и Германија“.
На промоцијата на книгите присуствуваа премиерот Никола Груевски, министрите за образование и наука и за здравство, Панче Кралев и Никола Тодоров, ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип Саша Митрев, деканот на Медицинскиот факултет во Штип Никола Камчев и студенти.
- Полека влегуваме во една подлабока фаза на овој проект. Досега 630 книги се преведени, испечатени и промовирани, а триесетина други се веќе во подготвка за нивна промоција, рече премиерот.
Тој изрази надеж дека до крајот на годинава и во текот на следната овој проект во целост ќе биде заокружен.
- Мислам дека ова е проект кој никогаш не треба да запре, независно која партија е на власт, кој е министер, премиер или слично, затоа што тоа е вложување во знаење во највисоки знаења кои во моментов ги има во секоја област во светот, за која другите држави трошат милијарди долари за да ги инвестираат во нивните научници, потенцира Груевски.
Книгите, како што рече, може да се најдат во сите библиотеки ширум државата, во библиотеките на универзитетите и факултетите, во матичните министерства, на веб страницата www.1000knigi.com.mk како и во големата библиотека „1000 книги“ во Скопје.
- Сите овие дела внесуваат нова светска димензија во нашиот високообразовен систем. Тие се предизвик за секој напреден ум и секој оној кој сака да учи од врвна стручна литература. Книгите се поткрепа како за професорите и научните работници, така и за младите и студентите, додаде Груевски.
Министерот Кралев потенцира дека новите наслови како и сите минати и идни изданија на проектот даваат можност да се биде во тек со современите случувања, како и со најновите теоретски и практични содржини достапни за студентската популација од развиените земји.
- Добрата едукација во здравството се однесува првенствено на лекарите. Што подобра стручна и научна наобразба на лекарите, тоа поквалитетно здравство. Верувам дека и овие книги ќе придонесат во таа насока, додаде Кралев.
Ректорот Митрев додаде дека студентите од овој нов универзитет ќе ги користат овие книги во текот на своето студирање.
На Штипскиот универзитет студираат близу 16 илјади студенти од кои околу 2.000 студираат на Медицинскиот факултет во овој град, од различни делови на Македонија, а има и странски студенти.
Извор: www.mon.gov.mk
Области
- Право, политички науки, дипломатија и локална самоуправа
- Култура и уметност
- Медицина, фармација, стоматологија и ветеринарна медицина
- Одбрана, безбедност, криминологија и разузнување
- Архитектура, градежништво, транспорт, механика, електроника и инженерство
- Социјална политика
- Ѕвезди на светската книжевност
- Земјоделство, шумарство и екологија
- 130 тома македонска книжевност
- Нобеловци
- Економија, менаџмент, маркетинг, банкарство, претприемаштво и финансии
- Хемија, физика, математика, биологија и географија
- Информатички науки, компјутерско инженерство и комуникациски системи
- Македонска литература на англиски јазик
- Македонски дејци
- Образование
- Историја, филозофија, антропологија и археологија
- Енергетика и природни ресурси