Настани / Новости
Нова училишна спортска сала и промовирани 15 нови наслови во Тетово
Петнаесет нови наслови од областите на економијата и правото беа претставени денеска на Државниот универзитет во Тетово во рамките на проектот на Владата на Македонија „Превод на 1.000 стручни, научни книги и учебници од кои се учи на врвните, најдобрите и најреномираните универзитети во САД и Англија, а од областа на правото во Франција и Германија.
Според премиерот Груевски кој присуствуваше на промоцијата, Владата има вложено големи финансиски средства вклучувајќи за купување на авторските права, превод на македонски и албански јазик и печатење.
- Станува збор за книги и учебници од кои се учи на 10-те највисоко рангирани универзитетот во свето, а нивните автори се најдобрите научници и претставуваат врвни научни дела. Се надевам дека студентите, асистентите и професорите ќе ги користат учебниците за стекнување нови знаења со кои ќе бидат рамноправни со своите колеги од Јеил, Харвард, Кембриџ, Оксфорд доколку се сретнат на некоја научна конференција или симпозиум бидејќи учеле од иста стручна литература. Овие книги ќе им користат не само на оваа туку и на идните генерации бидејќи ваквата литература ќе биде актуелна и во следните 10 години, односно овој проект на долг рок ќе има многу позитивни резултати бидејќи на идните студенти ќе им овозможи стекнување повеќе знаења што ќе може да ги искористат во својот живот, рече премиерот Груевски во амфитеатарот на Ректоратот на ДУТ.
Досега се организирани 39 вакви промоции на нови наслови за потребите на студентите и учениците во земјава.
- Резултатите ги надминуваат очекувањата и нашите визии. Досега промовираните преведени наслови, си го најдоа своето место на полиците во библиотеките, но и во рацете на студентите, асистентите и професорите. Новите учебници придонесуваат и за остварување на целите на ДУТ, односно со овие книги студентите проширувајќи го своето теоретско знаењеќе бидат понконкурентни на пазарот на труд, а воедно ќе го подобрат квалитетот на практичната настава, изјави мениустерот за обарзование Панче Кралев.
В.Д. ректорот на ДУТ Вулнет Амети посочи оти досега над 100 наслови на научни книги биле промовирани на овој универзитет.
- Ние и придаваме големо значење на издавачката дејност, за оваа цел издвојуваме потребни средства за издвање книги, научни студии, монографии, списанија и разни други публикации. Денешната активност претставува една инвестиција за збогатување со стручна и научна литература на нашиот Универзитет и истовремено претставува олеснување за нашите студенти во текот на студирањето и нивната професионална подготовка, изјави Амети.
На промоцијата присуствуваа професори, асистенти и студенти на ДУТ, повеќе претставници од извршната и законодавната власт.
Премиерот Груевски со министерот за образование Кралев и неговиот заменик Сафет Незири претходно денеска присуствуваа и на свеченото предавање во употреба на новоизградената спортска сала во Средното текстилно училиште „Ѓоце Стојчевски“ во Тетово.
- Тетово е град со можеби најмногу инвестиции во спортот. Изградивме фудбалско игралиште, веќе се готови пет спортски сали низ неколку села, основни и средни училишта, во тек е изградбата на две сали, а се планирани уште дополнителни 10 така што нивниот број по завршувањето на целиот проект треба да биде 17 нови спортски сали. Овие сали освен образовната функција ќе може да се користат и за рекреација на граѓаните и исполнувањето на нивното слободно време бидејќи спортот ги отгрнува младите луѓе од пороците на денешното време, изјави премиерот Груевски.
Кралев истакна дека изградбата на салата во текстилното училиште во Тетово е дел од проектот на Владата за изградба на 145 училишни сали низ државата. Изградбата на објектот со површина од 650 метри квадратни чинеше 24 милиони денари, а опремен е според сите стандарди како за наставата по физичко образование така и за рекереација на учениците и другите заинтересирани.
Пуштањето во употреба на новата сала го поздрави и директорот на Средното текстилно училиште Абаз Абази како голем придонес за унапредувањето на наставниот процес. Салата се предава на управување на локалната општинска власт.
Извор: www.kurir.com.mk
На штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ промовирани 14 нови книги од медицина и стоматологија
[2012-06-10] -
Промоција на нови 14 наслови од областа на медицината
[2012-05-10] -
Промовирани 15 нови преводи на капитални научни наслови од областа на земјоделството и ветеринарната медицина
[2012-05-10] -
Промовирани 15 нови преводи на наслови од областа на земјоделството и ветеринарната медицина
[2012-04-18] -
Промовирани 24 нови наслови од проектот за превод на 1.000 стручни книги
[2012-04-12] -
Промовирани 24 нови наслови од проектот за превод на 1.000 стручни книги
[2012-03-23] -
Промовирани 15 наслови од медицинските науки
[2012-03-23] -
[2012-03-04] -
Искористеност на преводите на стручните книги
[2012-02-27] -
Студентите подготвуваат испити во ГТЦ
[2012-02-24] -
Промоција на 18 нови наслови
[2011-11-18] -
Рајот за читателите на пишаниот збор
[2011-11-11] -
Промоција на нови 13 наслови
[2011-05-15] -
Отворена Читалната 1000 книги
[2010-12-28] -
Отворена е новата Интернет страна на Читалната 1000 книги
Области
- Право, политички науки, дипломатија и локална самоуправа
- Култура и уметност
- Медицина, фармација, стоматологија и ветеринарна медицина
- Одбрана, безбедност, криминологија и разузнување
- Архитектура, градежништво, транспорт, механика, електроника и инженерство
- Социјална политика
- Ѕвезди на светската книжевност
- Земјоделство, шумарство и екологија
- 130 тома македонска книжевност
- Нобеловци
- Економија, менаџмент, маркетинг, банкарство, претприемаштво и финансии
- Хемија, физика, математика, биологија и географија
- Информатички науки, компјутерско инженерство и комуникациски системи
- Македонска литература на англиски јазик
- Македонски дејци
- Образование
- Историја, филозофија, антропологија и археологија
- Енергетика и природни ресурси