Настани / Новости
Студентите подготвуваат испити во ГТЦ
Факултетските читалници се мрачни, монотони и празни
27.02.2012.
Затоа доаѓам да учам овде, оти сега во март имам колоквиуми по повеќе предмети, вели Ангела, студентка во втора година на Економскиот факултет, која заедно со своите колеги вчера подготвуваше испити во читалницата „1.000 книги“ во Градскиот трговски центар.
Зимава во „1.000 книги“ се бараше место повеќе, а од понудената литература, која посетителите бесплатно ја користат, најмногу се бараат книги од областа на медицината.
- Сите испити од четврта година овде ги подготвував. Има и книги што тешко се наоѓаат во библиотека, како на пример поезијата на Ристо Давчевски. Читам литература за деца, оти дипломирав на Педагошкиот факултет, на отсекот за одделенска настава. Факултетската читалница ми е далеку, затоа не одам таму. Недостигаат повеќе вакви бесплатни читалници и библиотеки, а оние на факултетите треба да се обноват – вели Срѓан Александров.
Д-р Сашо Додовски, всработен во „1.000 книги“, вели дека се случува да се чека ред за место во читалницата.
- Овде има околу 90 места. Посетителите бесплатно можат да користат Интернет, топло е, имаме и детско катче за помладите. Има примероци од владините преведени книги, примероци од 130-те тома македонска книжевност, книги на нобеловци, детска литература – вели Додовски.
Тој информира дека најмногубројни посетители се студентите, а нивните бесплатни услуги ги користат и пензионери.
Читалницата, која располага со околу 8.000 книги и 800 наслови, работи секој ден, освен недела, од осум до 24 часот. Најмногу се читаат дела од областа на медицината, информатичките технологии, книги од областа на економијата, правото и други.
Извор: Нова Македонија, бр. 22516, 27.02.2012.
Повеќе на: http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=22712853353&id=9&prilog=0&setIzdanie=22516
Области
- Право, политички науки, дипломатија и локална самоуправа
- Култура и уметност
- Медицина, фармација, стоматологија и ветеринарна медицина
- Одбрана, безбедност, криминологија и разузнување
- Архитектура, градежништво, транспорт, механика, електроника и инженерство
- Социјална политика
- Ѕвезди на светската книжевност
- Земјоделство, шумарство и екологија
- 130 тома македонска книжевност
- Нобеловци
- Економија, менаџмент, маркетинг, банкарство, претприемаштво и финансии
- Хемија, физика, математика, биологија и географија
- Информатички науки, компјутерско инженерство и комуникациски системи
- Македонска литература на англиски јазик
- Македонски дејци
- Образование
- Историја, филозофија, антропологија и археологија
- Енергетика и природни ресурси