Настани / Новости
Искористеност на преводите на стручните книги
04.03.2012
Книга, кафе, чај, бесплатен интернет, мир и тишина, идеална атмосфера за читање, уживање и подготвување испити.
Се бара место повеќе во читалницата 1000 книги во градскиот трговски центар.Студентите ги заборавија библиотеките на факултетите.Велат тие се мрачни, монотони, празни и работат до 20 часот. Овде во читалницата во градскиот трговски центар може да се чита секој ден до полноќ, работи и сабота.
8 000 книги, 800 наслови, преводи од најреномираните книги и учебници од кои се учи на врвните светски универзитети, нобеловци, 130 тома македонска книжевност. Во читалницата има по неколки копии. Студентите ја користат како доплонителна литература во спремање ипити, пишување семинарски.На некои им пречи тоа што неможат да се копираат.
Преводите на книгите не смат да се копираат, заради авторските права, па затоа не само во читалната ниту на факултетите книгите не смета да се изнесуваат. Многу мал дел од насловите може да се најдат и во продажба кај издавачките куќи.Но копиите има малку и се исклучително скапи, со цена и до 6000 денари.
Сепак студентите избираат да ја посетат читалната. Дневно тука поминуваат и преку 200 лица. Интересно не читаат само младите, чести посетители се и пензионерите.
Примамлива е атмосфераата но и локацијата. Најбарани книги се од областа на медицината и информатиката.Додевски најавува дека за две недели вратите на читалната ќе бидат отворени и во недела.
Извор: Сител ТВ,
Повеќе на: http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/iskoristenost-na-prevodite-na-struchnite-knigi
Области
- Право, политички науки, дипломатија и локална самоуправа
- Култура и уметност
- Медицина, фармација, стоматологија и ветеринарна медицина
- Одбрана, безбедност, криминологија и разузнување
- Архитектура, градежништво, транспорт, механика, електроника и инженерство
- Социјална политика
- Ѕвезди на светската книжевност
- Земјоделство, шумарство и екологија
- 130 тома македонска книжевност
- Нобеловци
- Економија, менаџмент, маркетинг, банкарство, претприемаштво и финансии
- Хемија, физика, математика, биологија и географија
- Информатички науки, компјутерско инженерство и комуникациски системи
- Македонска литература на англиски јазик
- Македонски дејци
- Образование
- Историја, филозофија, антропологија и археологија
- Енергетика и природни ресурси