Настани / Новости
Промовирани нови 30-тина наслови од проектот за превод на стручни книги
Министерот за образование и наука Панче Кралев и претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски денеска присуствуваа на промоција на 35 нови наслови од проектот „Превод на 1000 стручни, научни книги и учебници од кои се учи на врвните, најдобрите и најреномираните универзитети во САД и Англија, а од областа на правото во Франција и Германија“.
Министерот Кралев напомена дека со ова се заокружува бројот на преведени 762 нови наслови од странската литература кои ќе им бидат достапни и на македонските студенти.
Како што напомена, денеска се промовираат нови 12 наслови од областа на медицината, стоматологијата и медицинските науки, а напомена дека се застапени книги и од другите области.
- Достапноста на овие книги и учебници овозможува зголемени компетенции на идните професионалци но и го подига нивото на стручната дебата. Токму во образованието го имате најмоќното оружје кое може да се искористи за да се промени било која спона од нашето општество. Користете го доблесно и несебично градејќи поубава и подоблесна иднина, им порача Кралев на студентите.
Тој рече дека Министерството за образование ќе продолжи со реализација на проекти кои го унапредуваат образовниот процес, го подобруваат образовниот стандард и го унапредуваат знаењето на младите.
Премиерот Груевски посочи дека најголем дел од книгите што денеска се промовираат се од областа на здравството, област, која како што рече, е во врвните приоритети на Владата на Република Македонија.
- Во делот на медицината и здравството во изминатиот период спроведовме една низа битни проекти и крупни инветсиции. Се донесоа и сеуште се носат голем број на нови медицински апарати и опрема низ целата земја низ сите здравствени установи. Се инсталираат нови и најсовремени лаборатории низ здравствените установии и клиниките. Договоривме специјализација и усовршување на македонските лекари во повеќе странски познати клиники и универзитети во светот. Исто така договорено е и странски лекари во ограничени периоди од годината да вршат интервенции, да работат во Македонија со цел да обезбедиме трансфер на знаење и пракса за нови методи и принципи на лекување и тоа веќе се спроведува. Направени се и други повеќе суштински реформи во здравството, меѓу другото направена е и сеуште се прави голема реконструкција на здравствените објекти спроведен е проектот плаќање по учинок, направени се и други работи. Ефектите од сите овие проекти ќе бидат дотолку поголеми доколку сета оваа нова литература која ја носиме најде свое приоритетно место на македонските факултети и универзитети. На тој начин новите генерации на доктори и здравствени работници уште во студенстските денови ќе се потковаат со знаење кое е ерелевантно на светска сцена, рече Груевски и напомена дека овие книги претставуваат актуелна литература на најпрестижните Универзитети во светот.
Груевски потенцираше дека со бројот од 762 наслови, веќе се реализирани околу 80 проценти од проектот за „Превод на 1000 стручни, научни книги и учебници од кои се учи на врвните, најдобрите и најреномираните универзитети во САД и Англија, а од областа на правото во Франција и Германија“.
Тој нагласи дека до крајот на годината се очекува да биде заокружен и овој голем проект на Владата на Република Македонија.
Во однос на користењето на овие учебници, тој рече дека процентот на користење на учебниците се зголемува и изрази надеж дека во иднина тој уште повеќе ќе се зголеми.
Извор: www.kurir.mk
[2012-07-30] - Промоција на нови 20 наслови [2012-07-30] -
Промоција на нови 15 наслови од областа на правото и економијата на македонски и на албански јазик
На штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ промовирани 14 нови книги од медицина и стоматологија
[2012-06-10] -
Промоција на нови 14 наслови од областа на медицината
[2012-05-10] -
Промовирани 15 нови преводи на капитални научни наслови од областа на земјоделството и ветеринарната медицина
[2012-05-10] -
Промовирани 15 нови преводи на наслови од областа на земјоделството и ветеринарната медицина
[2012-04-18] -
Промовирани 24 нови наслови од проектот за превод на 1.000 стручни книги
[2012-04-12] -
Промовирани 24 нови наслови од проектот за превод на 1.000 стручни книги
[2012-03-23] -
Промовирани 15 наслови од медицинските науки
[2012-03-23] -
[2012-03-04] -
Искористеност на преводите на стручните книги
[2012-02-27] -
Студентите подготвуваат испити во ГТЦ
[2012-02-24] -
Промоција на 18 нови наслови
[2011-11-18] -
Рајот за читателите на пишаниот збор
[2011-11-11] -
Промоција на нови 13 наслови
[2011-05-15] -
Отворена Читалната 1000 книги
[2010-12-28] -
Отворена е новата Интернет страна на Читалната 1000 книги
Области
- Право, политички науки, дипломатија и локална самоуправа
- Култура и уметност
- Медицина, фармација, стоматологија и ветеринарна медицина
- Одбрана, безбедност, криминологија и разузнување
- Архитектура, градежништво, транспорт, механика, електроника и инженерство
- Социјална политика
- Ѕвезди на светската книжевност
- Земјоделство, шумарство и екологија
- 130 тома македонска книжевност
- Нобеловци
- Економија, менаџмент, маркетинг, банкарство, претприемаштво и финансии
- Хемија, физика, математика, биологија и географија
- Информатички науки, компјутерско инженерство и комуникациски системи
- Македонска литература на англиски јазик
- Македонски дејци
- Образование
- Историја, филозофија, антропологија и археологија
- Енергетика и природни ресурси