Настани / Новости
Рајот за читателите на пишаниот збор
Читалната 1000 книги е рај за сите ученици, студенти, магистранти, докторанти и љубителите на пишаниот збор, каде може да најдат книги од сите области од врвни светски универзитети достапни во секое време.
Мисијата на оваа читална која веќе седум месеци функционира под капата на министерството за образование и наука, е да го промовира користењето на книгите од проектот на Владата, „Преводи на 1000 стручни и научни книги“ кои се користат на врвните светски универзитети.
-Читалната функционира секој ден, седум дена во текот на неделата. Не се плаќа чланарина, користењето на литературата е бесплатно. Во моментов располагаме со над 500 наслови и над 8 000 примероци на книги, потенцира раководителот на читалната, Сашо Додевски.
Во читалната има референтни наслови преведени на македонски јазик од областа на медицината, правото, економјата, природните и компјутерските науки, а покрај оваа литература, читалната располага и со фонд на книги од проектот на министерството за култура „130 тома македонска книжевност“ и преводите на нобеловците.
-За овие седум месеци колку што функционираме, Ние сме многу задоволни од посетеноста. Имаме капацитет од околу 90 места,а фрекфенција на луѓе дневно повеќе од 150. Задоволни сме и со посетеноста и со користењето на книгите, а според нашата евиденција најголем интерес има за книгите од областа на медицинските, информатичките и општествените науки.
Читалната располага и со мала компјутерска лабораторија со интернет. Сите услуги кои ги нуди овој рај за љубителите на пишаниот збор се бесплатни.
-Најчесто ја посетувам читалната кога има колоквиумска недела на факултет. Читам стручна литература, таа што ми е потребна за полагање на одреден испит. -Бидејќи сумна молекуларна биологија, најчесто користам книги од областа на медицината, а читалната ја посетувам скоро секој втор ден, велат читателите.
Извор : Курир
http://kurir.mk/makedonija/vesti/50343-Video-Rajot-za-citatelite-na-pisaniot-zbor
Области
- Право, политички науки, дипломатија и локална самоуправа
- Култура и уметност
- Медицина, фармација, стоматологија и ветеринарна медицина
- Одбрана, безбедност, криминологија и разузнување
- Архитектура, градежништво, транспорт, механика, електроника и инженерство
- Социјална политика
- Ѕвезди на светската книжевност
- Земјоделство, шумарство и екологија
- 130 тома македонска книжевност
- Нобеловци
- Економија, менаџмент, маркетинг, банкарство, претприемаштво и финансии
- Хемија, физика, математика, биологија и географија
- Информатички науки, компјутерско инженерство и комуникациски системи
- Македонска литература на англиски јазик
- Македонски дејци
- Образование
- Историја, филозофија, антропологија и археологија
- Енергетика и природни ресурси