Настани / Новости
Промовирани нови 22 наслови од проектот за превод на 1000 стручни книги
Нови 22 наслови од владиниот проект за преведување на 1000 стручни книги од кои се учи на врвите 10 универзитети во светот беа промирани денеска.
На промоцијата присуствува премиерот Никола Груевски и министерот за образование и наука Спиро Ристовски.
На денешната промоција, 47-ма од почетокот на проектот во 2009 година, беа претставени изданија од областа на претприемаштво и иновации, медицина, ветерина, правни и економски науки, архитектура, градежништво, транспорт...
Груевски истакна дека со нив македонските студенти имаат лесен пристап до врвната научна мисла зашто делата од современи и познати светски автори им се овозможени на мајчин јазик.
- Проектот влегува во завршна фаза... Опфатени се сите научни области и во секоја од нив веќе имаме десетици нови книги. Оној што претходно силно посакувал да најде некоја од овие книги и ги барал во странски библиотеки, ги позајмувал од колеги од други земји или ги наоѓал во делови на интернет, сега му се достапни тука, во Македонија, на наш македонски јазик. Ваквата придобивка треба соодветно да се цени и добро да се искористи, рече Груевски. Апелираше до студентите да ги користат што повеќе за да инвестираат во своето знаење што, рече тој, повеќекратно ќе им се врати во животот.
Ресорниот министер рече дека изданијата од овој проект имаат добар прием и интерес од јавноста уште со првата промоција пред четири години и, како и премиерот, ги повика студентите да ја искористат можноста за квалитетно образование.
Вкупниот број преведени, отпечатени и дистрибуирани учебници од овој проект достигна 809.
Извор: www.kurir.mk
[2012-07-30] - Промоција на нови 20 наслови [2012-07-30] -
Промоција на нови 15 наслови од областа на правото и економијата на македонски и на албански јазик
На штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ промовирани 14 нови книги од медицина и стоматологија
[2012-06-10] -
Промоција на нови 14 наслови од областа на медицината
[2012-05-10] -
Промовирани 15 нови преводи на капитални научни наслови од областа на земјоделството и ветеринарната медицина
[2012-05-10] -
Промовирани 15 нови преводи на наслови од областа на земјоделството и ветеринарната медицина
[2012-04-18] -
Промовирани 24 нови наслови од проектот за превод на 1.000 стручни книги
[2012-04-12] -
Промовирани 24 нови наслови од проектот за превод на 1.000 стручни книги
[2012-03-23] -
Промовирани 15 наслови од медицинските науки
[2012-03-23] -
[2012-03-04] -
Искористеност на преводите на стручните книги
[2012-02-27] -
Студентите подготвуваат испити во ГТЦ
[2012-02-24] -
Промоција на 18 нови наслови
[2011-11-18] -
Рајот за читателите на пишаниот збор
[2011-11-11] -
Промоција на нови 13 наслови
[2011-05-15] -
Отворена Читалната 1000 книги
[2010-12-28] -
Отворена е новата Интернет страна на Читалната 1000 книги
Области
- Право, политички науки, дипломатија и локална самоуправа
- Култура и уметност
- Медицина, фармација, стоматологија и ветеринарна медицина
- Одбрана, безбедност, криминологија и разузнување
- Архитектура, градежништво, транспорт, механика, електроника и инженерство
- Социјална политика
- Ѕвезди на светската книжевност
- Земјоделство, шумарство и екологија
- 130 тома македонска книжевност
- Нобеловци
- Економија, менаџмент, маркетинг, банкарство, претприемаштво и финансии
- Хемија, физика, математика, биологија и географија
- Информатички науки, компјутерско инженерство и комуникациски системи
- Македонска литература на англиски јазик
- Македонски дејци
- Образование
- Историја, филозофија, антропологија и археологија
- Енергетика и природни ресурси