Настани / Новости
Груевски и Ристовски промовираа 10 нови наслови, досега преведени 907 книги
„Маркетинг во патувањата и туризмот“, „Кетеринг менаџмент“, „Меѓународно јавно право“ и „Прирачник за педијатрија“ се четирите од новите 10 преведени наслови, кои денеска ги промовираа премиерот Никола Груевски и заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски.
Заклучно со денешните наслови, преведени се вкупно 907 книги- дел од капиталниот владин проек за превод на 1000 стручни и научни книги кои се користат на 10-те прворангирани универзитети во светот.
Новите 10 изданија се од областа на медицината и стоматологијата, транспортот и телекомуникациите, туризмот и бизнис логистиката, правото, ликовната уметност, природно математичките науки, како и од областа на машинството и електротехниката.
На барање и сугестија на професорите, научниците и познавачите на светската наука, овој проект постојано ќе се надополнува. Почнувајќи од годинава, секоја година проектот ќе се дополнува со дополнителни 50 универзитетски учебници кои се употребуваат на првите 10 универзитети во светот.
- Ние како Влада сме секогаш отворени за добри идеи и предлози и бидејќи овој предлог е во целост компатибилен со нашата цел, а тоа е што поквалитетно образование и што посилни основи на нашите студенти и научници решивме да го прифатиме и да го надополниме проектот. Согласно оваа одлука, годинава ќе бидат преведени дополнителни учебници од три области и тоа педагогија, земјоделство и медицина, истакна Груевски.
Додаде дека денеска промовираните нови книги на сите студенти, професори, научници и заинтересирани од државниот и приватниот сектор ќе им понудат нов поглед на светската наука, еден нов збир на вредна литература.
-Несомнено ќе ги зајакнат изворите на знаење и вештини во Република Македонија. Верувам дека тие ќе станат дел од општествениот интерес, проучувањата, позитивните критики на научната јавност и приоритетна литература во предавањата на факултетите низ нашата земја.
Заменик министерот за образование и наука потенцираше дека оваа промоција претставува чекор напред кон реализација на една од најголемите инвестиции во македонскиот високообразоваен систем и науката која придонесува за збогатување на фондот на современа стручна и научна литература.
- Книгите изобилуваат со најнови информации, современи достигнувања, анализи, техники и методи, со што на македонските студенти им е овозможено и достапно, сето она што впрочем им е достапно и на студентите од највисоко развиените земји на глобалниот образовен простор, подвлече Ристовски.
Најновите изданија, како и сите претходно преведени и промовирани, освен во читалната „1.000 книги“ во Градскиот трговски центар во Скопје, ќе бидат дистрибурани во универзитетските, факултетските и народните библиотеки, а по пристапни цени ќе може да се купат и во книжарниците и е-продавниците на издавачките куќи.
Извор: kurir.mk
[2012-07-30] - Промоција на нови 20 наслови [2012-07-30] -
Промоција на нови 15 наслови од областа на правото и економијата на македонски и на албански јазик
На штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ промовирани 14 нови книги од медицина и стоматологија
[2012-06-10] -
Промоција на нови 14 наслови од областа на медицината
[2012-05-10] -
Промовирани 15 нови преводи на капитални научни наслови од областа на земјоделството и ветеринарната медицина
[2012-05-10] -
Промовирани 15 нови преводи на наслови од областа на земјоделството и ветеринарната медицина
[2012-04-18] -
Промовирани 24 нови наслови од проектот за превод на 1.000 стручни книги
[2012-04-12] -
Промовирани 24 нови наслови од проектот за превод на 1.000 стручни книги
[2012-03-23] -
Промовирани 15 наслови од медицинските науки
[2012-03-23] -
[2012-03-04] -
Искористеност на преводите на стручните книги
[2012-02-27] -
Студентите подготвуваат испити во ГТЦ
[2012-02-24] -
Промоција на 18 нови наслови
[2011-11-18] -
Рајот за читателите на пишаниот збор
[2011-11-11] -
Промоција на нови 13 наслови
[2011-05-15] -
Отворена Читалната 1000 книги
[2010-12-28] -
Отворена е новата Интернет страна на Читалната 1000 книги
Области
- Право, политички науки, дипломатија и локална самоуправа
- Култура и уметност
- Медицина, фармација, стоматологија и ветеринарна медицина
- Одбрана, безбедност, криминологија и разузнување
- Архитектура, градежништво, транспорт, механика, електроника и инженерство
- Социјална политика
- Ѕвезди на светската книжевност
- Земјоделство, шумарство и екологија
- 130 тома македонска книжевност
- Нобеловци
- Економија, менаџмент, маркетинг, банкарство, претприемаштво и финансии
- Хемија, физика, математика, биологија и географија
- Информатички науки, компјутерско инженерство и комуникациски системи
- Македонска литература на англиски јазик
- Македонски дејци
- Образование
- Историја, филозофија, антропологија и археологија
- Енергетика и природни ресурси