Настани / Новости
Отворена читалната “1000 книги“
На 15.05.2011 година беше отворена читалната “1000 книги“ која функционира во рамките на Министерството за образоание и наука на Република Македонија. Читалната е лоцирана на 2-иот кат во Градскиот трговски центар во Скопје. Читалната нуди над 700 наслови и 8000 книги на македонски и албански јазик од областа на информатичките, правните, политичките и природните науки. Исто така, Читалната располага и со книгите од едицијата на Министерството за култура Нобеловци и 130 тома македонска книжевност како и помал фонд на детска литература. Во Читалната функционира интернет лабараторија со бесплатен интернет. Посетителите можат бесплатно да ги користат фондовите на книги и услугите на Читалната.
Читалната “1000 книги“ беше свечено отворена од премиерот г. Никола Груевски и министерот за образование и наука г. Никола Тодоров
Денеска беа промовирани и новите 14 наслови од проектот „Превод на 1.000 стручни и научни книги и учебници од кои се учи на врвнитеуниверзитети во САД и Англија, а од областа на правото во Франција и Германија
1.Здравствени Информации, Мерват Абделхак, Сара Гростик, Мери Елис Хенкен, Елен Џејкобс;
2. Ретинално одлепување, принципи и практика, Даниел А. Бринтон, Ц.П. Вилкинсон;
3. Ботаника на желбата, Мајкл Полан;
4. Подобрување на благосостојбата на животните, Темпл Грандин;
5. Компјутерска организација и дизајн, Дејвид А. Патерсон, Џон Л. Хенеси;
6. Дизајнирање интерфејс, Џенифер Тибвел;
7. Вовед во алгоритми 2, Томас Корман;
8. Компјутерски системи, перспектива на прoграмерот, Рендал И. Брајан, Дејвид Р.О. Халарон;
9. Превенција од загадување - Пристап на управување со отпад за 21 век, Рајан Р. Дупон, Луис Теодор;
10. Системи на бази на податоци, Томас Коноли, Каролин Бег;
11. Компјутерска Графика, теорија во практика,Џефри Мекконил;
12. Физика на полупроводнички елементи, С.М.Сзе, Квок. К.Нг;
13. Локална самоуправа, Џејмс М. Бановец;
14. Основи на робусно управување, Кемин Зои, Џон Ц. Дојл.
Области
- Право, политички науки, дипломатија и локална самоуправа
- Култура и уметност
- Медицина, фармација, стоматологија и ветеринарна медицина
- Одбрана, безбедност, криминологија и разузнување
- Архитектура, градежништво, транспорт, механика, електроника и инженерство
- Социјална политика
- Ѕвезди на светската книжевност
- Земјоделство, шумарство и екологија
- 130 тома македонска книжевност
- Нобеловци
- Економија, менаџмент, маркетинг, банкарство, претприемаштво и финансии
- Хемија, физика, математика, биологија и географија
- Информатички науки, компјутерско инженерство и комуникациски системи
- Македонска литература на англиски јазик
- Македонски дејци
- Образование
- Историја, филозофија, антропологија и археологија
- Енергетика и природни ресурси