Обработка на говор и на јазик – Вовед во обработката на природните јазици, пресметковната лингвистика и препознавањето говор

Издавач:
Датапонс
ISBN:
978-0131-873-21-6
Година на издавање:
2013
Краток опис:
Обработка на говор и на јазик – Вовед во обработката на природните јазици, пресметковната лингвистика и препознавањето говор е книга од авторите Даниел Џурафски и Џејмс Х. Мартин, издадена 2009 година од страна на Pearson Education. Книгата е составена од неколку дела: Дел 1: Зборови; Дел 2: Говор; Дел 3: Синтакса; Дел 4: Семантика и прагматика и Дел 5: Примени. Обработката на говорот и на јазикот е првата книга што целосно ја покрива јазичната технологија, на сите нивоа и со сите современи технологии. Таа ги сплотува длабоките лингвистички анализи со робусните статистички методи. Ако погледнеме како е организирана книгата по нивоа, таа почнува со зборот и неговите компоненти, ги покрива својствата на секвенците од зборови и начините како тие се изговорени и разбрани, потоа продолжува едно ниво погоре кон начинот како зборовите правилно се комбинираат (синтакса), како зборовите формираат значење (семантика) и како служат како основа за одговарање на прашања, дијалог и преведување помеѓу јазиците. Оваа книга ја покрива целата област во една книга, но многу поважно, таа ги поврзува технологиите една со друга, доловувајќи му на читателот која од нив е најдобра за користење и како тие може да бидат применети заедно.
Поврзано
На работ на светлината – мисли за фотографијата и фотографите, талент и генијалност
.jpg)
Автори:
Дејвид Тревис
повеќе...Јавните личности и приватните идентитети во седумнаесетиот век во Холандија - Портретирање и создавање заедница
.jpg)
Автори:
Ен Џенсен Адамс
повеќе...Основање на музеи и современата уметност - Политиката на уметничкиот приказ на Франција по 1968 година
.jpg)
Автори:
Ребека Џ. де Ру
повеќе...Области
- Право, политички науки, дипломатија и локална самоуправа
- Култура и уметност
- Медицина, фармација, стоматологија и ветеринарна медицина
- Одбрана, безбедност, криминологија и разузнување
- Архитектура, градежништво, транспорт, механика, електроника и инженерство
- Социјална политика
- Ѕвезди на светската книжевност
- Земјоделство, шумарство и екологија
- 130 тома македонска книжевност
- Нобеловци
- Економија, менаџмент, маркетинг, банкарство, претприемаштво и финансии
- Хемија, физика, математика, биологија и географија
- Информатички науки, компјутерско инженерство и комуникациски системи
- Македонска литература на англиски јазик
- Македонски дејци
- Образование
- Историја, филозофија, антропологија и археологија
- Енергетика и природни ресурси