Нумерички методи за инженери
Издавач:
Датапонс
ISBN:
ISBN 978-608-222-08-57
Година на издавање:
2015
Краток опис:
Нумерички методи за инженери е книга уредена од авторите Стивен К. Чапра и Рејмонд П. Канале, а издадена е 2010 година од The McGraw-Hill Companies. Книгата е составена од осум дела: Дел 1: Моделирање, компјутери и анализа на грешка; Дел 2: Корени на равенки; Дел 3: Системи од линеарни алгебарски равенки; Дел 4: Оптимизација; Дел 5: Вклопување криви; Дел 6: Методи за нумеричко диференцирање и интегрирање; Дел 7: Обични диференцијални равенки и Дел 8. Парцијални диференцијални равенки. Ова издание на книгата нуди иновативна и лесноприфатлива презентација на нумеричките методи; книгата ја има добиено наградата „Meriam- Wiley“ за најдобар учебник, доделена од страна на Американското здружение за инженерско образование. Нови карактеристики на ова издание се: мноштво нови и проширени проблеми преземени од моменталната инженерска практика; нов материјал, меѓу кои се Брентовите методи за наоѓање корени на равенки и за оптимизација; комплетна покриеност на нумеричките методи; силна компјутерска ориентација, која вклучува псевдокод за алгоритмите на нумеричките методи; одлични нови анализи на примери од инженерството што ги опфаќаат сите области од инженерството; корисни посебни додатоци, „Подготвување за работа со MATLAB“ и „ Подготвување за работа со MathCAD“, кои претставуваат одлични упатства за работа со овие софтверски пакети.
Поврзано
Основи на механика на флуиди
Автори:
Брус Мансон Доналд Ф. Јанг Тед Х. Окиши Вејд В. Хјубш
повеќе...Динамика на конструкции – теорија и примена во земјотресното инженерство
Автори:
Анил К. Чопра
повеќе...Искуство со транспортот – политика, планирање и користење
Автори:
Вилијам Л. Гарисон Дејвид М. Левинсон
повеќе...Основи на телекомуникации – Целокупен глобален извор
Автори:
Лилијан Голениевски Кити Вилсон Џерет
повеќе...Области
- Право, политички науки, дипломатија и локална самоуправа
- Култура и уметност
- Медицина, фармација, стоматологија и ветеринарна медицина
- Одбрана, безбедност, криминологија и разузнување
- Архитектура, градежништво, транспорт, механика, електроника и инженерство
- Социјална политика
- Ѕвезди на светската книжевност
- Земјоделство, шумарство и екологија
- 130 тома македонска книжевност
- Нобеловци
- Економија, менаџмент, маркетинг, банкарство, претприемаштво и финансии
- Хемија, физика, математика, биологија и географија
- Информатички науки, компјутерско инженерство и комуникациски системи
- Македонска литература на англиски јазик
- Македонски дејци
- Образование
- Историја, филозофија, антропологија и археологија
- Енергетика и природни ресурси