Обновливи извори на енергија - моќност за одржлива иднина
Издавач:
Ars Lamina
ISBN:
978-608-229-771-2
Година на издавање:
2014
Краток опис:
Обновливи извори на енергија – моќност за одржлива енергија е книга од авторот Годфри Бојл, издадена 2012 година од Open University, а македонски издавач е Арс Ламина Скопје. Книгата е составена од неколку глави: Вовед во обновливите извори на енергија; Сончева термичка енергија; Сончева фотоволтаика; Биоенергија; Хидроелектрична енергија; Енергија на прилив и на одлив; Енергија од ветар; Енергија на бранови; Геотермална енергија и Интегрирање на обновливите извори на енергија. Еден од најголемите проблеми со кој се соочува цивилизацијата денес е обезбедувањето резерви на одржлива енергија за свет што се шири и во кој се зголемува производството. Оваа книга ги разгледува и практичните и економските потенцијали за соочување со овој предизвик на изворите на обновлива енергија. Објаснети се важните физички и технолошки принципи за добивање енергија од директни соларни (соларно-термални и фотонапонски), индиректни соларни (биомаса,хидро,ветер и бран) и несоларни (тидални и геотермални) извори на енергија, во контекст на нивното влијание врз околината и нивната економска иднина и очекувања. Книгата нуди и гледиште и детали за релативните заслуги и состојбата на напредок на технологијата за искористување на неколкуте „обновливи извори“.
Области
- Право, политички науки, дипломатија и локална самоуправа
- Култура и уметност
- Медицина, фармација, стоматологија и ветеринарна медицина
- Одбрана, безбедност, криминологија и разузнување
- Архитектура, градежништво, транспорт, механика, електроника и инженерство
- Социјална политика
- Ѕвезди на светската книжевност
- Земјоделство, шумарство и екологија
- 130 тома македонска книжевност
- Нобеловци
- Економија, менаџмент, маркетинг, банкарство, претприемаштво и финансии
- Хемија, физика, математика, биологија и географија
- Информатички науки, компјутерско инженерство и комуникациски системи
- Македонска литература на англиски јазик
- Македонски дејци
- Образование
- Историја, филозофија, антропологија и археологија
- Енергетика и природни ресурси