Настани / Новости
Груевски и Ристовски промовираа 12 нови наслови, досега преведени 886 книги
Нови 12 наслови од областа на медицината, природно-математичките науки, земјоделството, педагогијата, филозофијата и филологијата денеска се промовирани во рамки на владиниот проект за превод на 1000 стручни книги од кои се учи на врвните светски универзитети.
Со денешната промоција, вкупниот број на преведени книги од реномирани светски автори изнесува 886.
- Овие бројки јасно говорат за капиталот на овој значаен проект, но и за посветеноста, одговорноста и упорноста со која истиот го реализираме и промовираме. Малку по малку, проектот се доближува до својата завршница, а капиталот на знаење кој влегува во Македонија преку овие книги се повеќе си наоѓа свое место и улога во образованието, науката, праксата и во сите општествени сегменти на кои има свое влијание, истакна премиерот Никола Груевски на промоцијата.
Според него, секоја од книгите има свое значење за современите предизвици со кои се соочуваат земјите од светот и повеќето од нив се директно или индиректно поврзани со политиките и мерките на Владата.
- Верувам дека и овие книги, исто како и сите претходно промовирани дела, ќе станат дел од општествениот интерес, проучувања, позитивни критики на научната јавност и секако дел од предавањата на факултетите низ нашата земја, рече Груевски.
Министерот за образование и наука Спиро Ристовски најави продолжување и надградба на проектот.
- Усогласувањето на високообразовниот систем со потребите на пазарот на трудот кој неминовно се глобализира, ја зголемува потребата од книги и учебници, кои на новиот стручен кадар ќе му обезбедат знаења конкуретни на глобално ниво. Верувам дека оваа капитална инвестиција е од корист и за студентите и за искусните професионалци, затоа што и едните и другите имаат реална потреба да бидат добро информирани и во тек со најновите трендови во својата област, рече Ристовски.
Најновите изданија, како и сите претходно преведени и промовирани, освен во читалната во Градскиот трговски центар во Скопје, ќе бидат дистрибурани во универзитетските, факултетските и народните библиотеки, а по пристапни цени ќе може да се купат и во книжарниците и е-продавниците на издавачките куќи.
Извор: www.kurir.mk
[2012-07-30] - Промоција на нови 20 наслови [2012-07-30] -
Промоција на нови 15 наслови од областа на правото и економијата на македонски и на албански јазик
На штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ промовирани 14 нови книги од медицина и стоматологија
[2012-06-10] -
Промоција на нови 14 наслови од областа на медицината
[2012-05-10] -
Промовирани 15 нови преводи на капитални научни наслови од областа на земјоделството и ветеринарната медицина
[2012-05-10] -
Промовирани 15 нови преводи на наслови од областа на земјоделството и ветеринарната медицина
[2012-04-18] -
Промовирани 24 нови наслови од проектот за превод на 1.000 стручни книги
[2012-04-12] -
Промовирани 24 нови наслови од проектот за превод на 1.000 стручни книги
[2012-03-23] -
Промовирани 15 наслови од медицинските науки
[2012-03-23] -
[2012-03-04] -
Искористеност на преводите на стручните книги
[2012-02-27] -
Студентите подготвуваат испити во ГТЦ
[2012-02-24] -
Промоција на 18 нови наслови
[2011-11-18] -
Рајот за читателите на пишаниот збор
[2011-11-11] -
Промоција на нови 13 наслови
[2011-05-15] -
Отворена Читалната 1000 книги
[2010-12-28] -
Отворена е новата Интернет страна на Читалната 1000 книги
Области
- Право, политички науки, дипломатија и локална самоуправа
- Култура и уметност
- Медицина, фармација, стоматологија и ветеринарна медицина
- Одбрана, безбедност, криминологија и разузнување
- Архитектура, градежништво, транспорт, механика, електроника и инженерство
- Социјална политика
- Ѕвезди на светската книжевност
- Земјоделство, шумарство и екологија
- 130 тома македонска книжевност
- Нобеловци
- Економија, менаџмент, маркетинг, банкарство, претприемаштво и финансии
- Хемија, физика, математика, биологија и географија
- Информатички науки, компјутерско инженерство и комуникациски системи
- Македонска литература на англиски јазик
- Македонски дејци
- Образование
- Историја, филозофија, антропологија и археологија
- Енергетика и природни ресурси