Настани / Новости
Вкупно преведени 897 книги, проектот ќе се надополни со 200 нови наслови
Вкупниот број преведени книги достигна 897, вклучувајќи ги и новите 11 наслови кои денеска беа промовирани. Книгите од проектот за превод на 1000 стручни книги кои се користат на 10-те прворангирани универзитети во светот се преведени и дистрибуирани во библиотеките.
Новите наслови се од областа на математика, туризмот, економија, ликовна уметност и биотехничките науки.
Проектот кој ќе се прошири со уште 200 учебници, целосно ќе биде завршен завршен на почетокот на 2015 година.
- Во новата Владина програма, во иднина нема да бидат 1000, туку 1200 книги, затоа што планираме во овој мандат дополнителни книги и учебници од овој тип, истакна премиерот Никола Груевски.
Посочи и дека книгите што се преведени и отпечатени во изминатиот период, се повеќе се користени од студентите и дека во читалницата „1000 книги“ во ГТЦ се бара место повеќе.
- Тие се свесни дека од овие книги ќе добијат многу поквалитетно и најсовремено знаење во одредени области. И професорите, кои на почетокот инсистираа да се учи само од нивни скрипти или книги, се повеќе се определуваат да ги понудат овие книги, рече Груевски на промоцијата на која присуствуваа министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми и неговиот заменик Спиро Ристовски.
-Овој проект, кој е од исклучително значење особено за нашите студенти, влегува во завршна фаза и се очекува некаде до почетокот на следната година, да бидат промовирани сите предвидени 1000 изданија, рече Адеми.
Преку овие преводи, ќе им се овозможи првенствено на студентите во Македонија континуирано да бидат во тек со најновите информации, анализи, достигнувања, методи, техники и практики од областите во кои студираат и ќе им се помагне во надградбата на сопственото знаење, како и во подигнувањето на личната конкурентност при настап на пазарот на труд во земјата, но и во глобални размери.
Извор: kurir.mk
[2012-07-30] - Промоција на нови 20 наслови [2012-07-30] -
Промоција на нови 15 наслови од областа на правото и економијата на македонски и на албански јазик
На штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ промовирани 14 нови книги од медицина и стоматологија
[2012-06-10] -
Промоција на нови 14 наслови од областа на медицината
[2012-05-10] -
Промовирани 15 нови преводи на капитални научни наслови од областа на земјоделството и ветеринарната медицина
[2012-05-10] -
Промовирани 15 нови преводи на наслови од областа на земјоделството и ветеринарната медицина
[2012-04-18] -
Промовирани 24 нови наслови од проектот за превод на 1.000 стручни книги
[2012-04-12] -
Промовирани 24 нови наслови од проектот за превод на 1.000 стручни книги
[2012-03-23] -
Промовирани 15 наслови од медицинските науки
[2012-03-23] -
[2012-03-04] -
Искористеност на преводите на стручните книги
[2012-02-27] -
Студентите подготвуваат испити во ГТЦ
[2012-02-24] -
Промоција на 18 нови наслови
[2011-11-18] -
Рајот за читателите на пишаниот збор
[2011-11-11] -
Промоција на нови 13 наслови
[2011-05-15] -
Отворена Читалната 1000 книги
[2010-12-28] -
Отворена е новата Интернет страна на Читалната 1000 книги
Области
- Право, политички науки, дипломатија и локална самоуправа
- Култура и уметност
- Медицина, фармација, стоматологија и ветеринарна медицина
- Одбрана, безбедност, криминологија и разузнување
- Архитектура, градежништво, транспорт, механика, електроника и инженерство
- Социјална политика
- Ѕвезди на светската книжевност
- Земјоделство, шумарство и екологија
- 130 тома македонска книжевност
- Нобеловци
- Економија, менаџмент, маркетинг, банкарство, претприемаштво и финансии
- Хемија, физика, математика, биологија и географија
- Информатички науки, компјутерско инженерство и комуникациски системи
- Македонска литература на англиски јазик
- Македонски дејци
- Образование
- Историја, филозофија, антропологија и археологија
- Енергетика и природни ресурси