Настани / Новости
Преводи на нови 12 книги од проектот "Превод на 1000 стручни книги од најреномираните универзитети"
Нови 12 дела од проектот за превод на 100 стручни, научни книги и учебници од кои се учи на врвните, најдобрите и најреномираните светски универзитети денеска беа промовирани во Скопје.
Со новите 12 наслови бројот на преведени дела од областа на природно-математичките науки, филозофијата, електротехниката и машинството, компјутерските науки, менаџментот, ликовните науки... достигна 919 преведени учебници. Од денеска промовираните книги, поголемиот дел се од областа на компјутерските науки и информатиката, како и од електротехничките и машинските струки.
Премиерот Никола Груевски, кој заедно со заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски присуствуваше на промоцијата, истакна дека овие две полиња се од исклучително значење за Република Македонија и најави дека проектот се проширува со уште 200 нови книги од кои за првите 50 веќе е објавен јавниот повик за превод и печатење.
- Развојот на ИТ секторот во Македонија е поле на кое во изминатите неколку години макотрпно и посветено се работеше. Тргнувајќи од обезбедувањето на комјутери и интернет за сите ученици, општата и масовна едукација на населението за работа на компјутер и интернет, масовната имплементација на ИТ можностите во административните услуги, преку стимуалција за отворање на нови смерови, факултети и нов универзитет за информатички науки и технологии во Охрид, па се до бројните стипендии за поттикнување на многу млади да ги изичуваат информатички науки и технологии, нагласи Груевски.
Од значење за државата, нагласи премиерот, се и стручните кадри во делот на техничките науки кои се дефицитарни на пазарот на трудот и особено барани од домашните и странските компании.
- Од тие причини Владата на Република Македонија во континуитет презема мерки за стимулација на младите за насочување кон техничките науки. И во овој случај, литературата и кинигите од кои се учи е особено важна, посебно затоа што странските компании особено ги ценат кадрите кои имаат познавања и стручност кои се компатибилни со знаењата на развиените западни држави. Токму затоа во проектот за „Превод на 1000 стручни и научни книги и учебници се вклучени голем број дела од овие науки, рече Груевски.
Ристовски нагласи дека веќе е започната постапката за набавка на книги од областа на пегадогијата, земјоделството и медицината.
- Македонските студенти треба и мора да бидат на исто рамниште со нивните колеги од најреномираните универзитети, рече Ристовски, апелирајќи до студентите да ја користат оваа литература.
Извор: kurir.mk
[2012-07-30] - Промоција на нови 20 наслови [2012-07-30] -
Промоција на нови 15 наслови од областа на правото и економијата на македонски и на албански јазик
На штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ промовирани 14 нови книги од медицина и стоматологија
[2012-06-10] -
Промоција на нови 14 наслови од областа на медицината
[2012-05-10] -
Промовирани 15 нови преводи на капитални научни наслови од областа на земјоделството и ветеринарната медицина
[2012-05-10] -
Промовирани 15 нови преводи на наслови од областа на земјоделството и ветеринарната медицина
[2012-04-18] -
Промовирани 24 нови наслови од проектот за превод на 1.000 стручни книги
[2012-04-12] -
Промовирани 24 нови наслови од проектот за превод на 1.000 стручни книги
[2012-03-23] -
Промовирани 15 наслови од медицинските науки
[2012-03-23] -
[2012-03-04] -
Искористеност на преводите на стручните книги
[2012-02-27] -
Студентите подготвуваат испити во ГТЦ
[2012-02-24] -
Промоција на 18 нови наслови
[2011-11-18] -
Рајот за читателите на пишаниот збор
[2011-11-11] -
Промоција на нови 13 наслови
[2011-05-15] -
Отворена Читалната 1000 книги
[2010-12-28] -
Отворена е новата Интернет страна на Читалната 1000 книги
Области
- Право, политички науки, дипломатија и локална самоуправа
- Култура и уметност
- Медицина, фармација, стоматологија и ветеринарна медицина
- Одбрана, безбедност, криминологија и разузнување
- Архитектура, градежништво, транспорт, механика, електроника и инженерство
- Социјална политика
- Ѕвезди на светската книжевност
- Земјоделство, шумарство и екологија
- 130 тома македонска книжевност
- Нобеловци
- Економија, менаџмент, маркетинг, банкарство, претприемаштво и финансии
- Хемија, физика, математика, биологија и географија
- Информатички науки, компјутерско инженерство и комуникациски системи
- Македонска литература на англиски јазик
- Македонски дејци
- Образование
- Историја, филозофија, антропологија и археологија
- Енергетика и природни ресурси